Градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими во емисијата „10 Минути“ на ТВ21, одговори на обвинувањата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека во Арачиново има криминални групи и полицијата соработува со нив.
Ибрахими одговори дека тој лично и како општина нема ингеренции по овие прашања, но вели и дека командирот на полициската станица ги нема овие податоци.
Ибрахими додаде дека секоја општина се соочува со вакви проблеми, не само општината што ја води.
„Надлежностите на локалната самоуправа се ограничени бидејќи таа всушност може да интервенира. Ние како локална власт немаме ингеренции, немаме ниту полициска станица, туку го имаме само регионалниот центар Гази Баба. Полицискиот командир ги нема овие податоци. Конечно, секоја општина има свои проблеми, во секоја општина има такви групи. Но, сепак ние сме заинтересирани да нема такви групи во нашата општина, ниту во другите општини“, рече Ибрахими.