Градоначалникот на општина Бутел, Бобан Стефковски се пожали на социјалните мрежи дека добивал закани по живот. Според него, сето ова доаѓа „како последица на реализацијата на акцијата која општина Гази Баба ја спроведе со асистенција од Министерството за внатрешни работи за рушење на дивоградба изградена на државно земјиште во населеното место Инџиково, локација за која во завршна фаза е урбанистичко – планската документација со која на тоа земјиште се предвидува изградба на детска градинка за жителите на Инџиково“.
За време на водењето на постапката, лицето кое ја градеше дивоградбата директно преку инспекциските служби, но и индиректно преку луѓе до мене упатуваше закани по живот, посочува Стефковски.
Тврди дека вчера наутро по пристигнувањето во просториите на општината од страна на службите бил известен дека е забележано присуство на лицето кое го градело објектот пред капијата на општина Гази Баба, а во дворот непосредно до влезот во бараките на општината во близина на моето приватно возило, како што објавува, биле забележани двете лица со кои лицето кое го граделе објектот доаѓало на неколку пати во општината и во чие присуство ги упатувало заканите кон него и вработените во инспекциските служби.
Во текот на вчерашниот ден доставив пријава до надлежните институции заедно со фото – документација од целиот случај и што очекувам соодветна реакција од нивна страна. Од првиот ден кога Вие граѓаните ми ја дадовте довербата да бидам градоначалник, кажав дека ќе им служам единствено на граѓаните на општина Гази Баба и дека компромис со почитување на Законот нема да правам, додава Стефковски во својата објава.
Градоначалникот е дециден дека секој што ќе постапи спротивно на Законот по однос на надлежностите на општината, без разлика на етничка, верска, политичка или било каква друга припадност ќе си сноси одговорност.