Градоначалникот на Делчево: Три дена се бориме со пожарот кај Пасјак, очекуваме два хеликоптери

од Nikola Popovski

„И јас и единицата на армијата и протовипожарната единица, сме веќе 3 дена овде и се бориме со оваа огнена стихија, која што е сериозна и загрижувачка“, изјави градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски за ситуацијата со пожарот кај Пасјак, делчевско.

Според него, за среќа нема жртви и сите изнемоштени лица се евакуирани од селото.

„Македонски шуми заедно со нас се главен координатор на сите акции. Во утринските часови имавме помош со хеликоптер на нашата армија, а за околу 20-30 минути се очекуваат уште два хеликоптери“, информира Трајковски, кој додава дека се прават максимални напори.

Слични содржини