Градоначалникот на Гази Баба си има мака со мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ

од desk4
88 прегледи

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, од СДСМ, тврди дека мнозинството советници кои се од ВМРО-ДПМНЕ, го блокираат разојот на општината. Според Георгиевски, советниците од опозициската партија ја блокираат програмата за градежно земјиште, спротивно на законот, информира Фокус.

На последните локални избори во оваа општина, победи кандидатот за градоначалник на СДСМ, но советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови.

Георгиевски денеска изјави дека советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на општина Гази Баба го продолжува деструктивното однесување, како што тоа го правеше изминатите 21 година, рече тој, и продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните.

-Покрај блокирањето за изградбата на фекалната канализација во Јурумлери, со последната одлука да не гласаат ЗА Програмата за работа во областа на располагање со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија со која е предвиден приход од 9.000.000 евра, советниците на ВМРО ДПМНЕ го оневозможуваат развојот на општината. Парите од продажба на градежното земјиште се приход на Општината, кој директно се враќа кај граѓаните преку инвестиции во инфраструктурни објекти – изјави градоначалникот.

 

Целиот може да се прочита тука