Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу изјави дека нема да потклекне откако судот одлучи да го задржи во притвор до судењето за обвиненијата за корупција.
– Ние, рака под рака, ќе го поништиме овој удар, оваа црна дамка врз нашата демократија. Стојам исправено и нема да потклекнам, објави Имамоглу на мрежата „Х“.
Градоначалникот исто така се соочува со обвиненија за тероризам.
-Иако постои силно сомневање дека помагал на вооружена терористичка организација, бидејќи веќе е одлучено дека ќе биде уапсен за финансиски криминал, апсењето за тероризам во оваа фаза не се смета за неопходно, соопшти судот.
Имамоглу, потенцијален противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган на следните претседателски избори, беше уапсен на почетокот на оваа недела, а масовни протести беа одржани во повеќе од 10 турски градови, вклучувајќи ги Истанбул и Анкара, пишува Срна.