Градоначалникот на Кисела Вода ги собра клучевите од сите службени возила на општината

од Nikola Popovski
517 прегледи

Никој повеќе нема право да ги злоупотребува службените возила во приватни цели. Од денес, клучевите на сите службени возила ќе бидат под строга контрола и ќе се користат исклучиво во корист на граѓаните, доста беше од бесцелно трошење на парите на граѓаните, најави градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

-Воедно, од денес, како што ветив во предизборната кампања, јас нема да користам службено возило и репрезентација, а тие пари ќе бидат пренаменети во реконструкција на градинки, училишта и детски игралишта, потенцира тој.

-Никој повеќе нема право да ги злоупотребува службените возила во приватни цели. Од денес клучевите на сите службени возила ќе бидат под строга контрола и ќе се користат исклучиво во корист на граѓаните, доста беше од бесцелно трошење на парите на граѓаните, наведува Ѓорѓиевски.

Слични содржини