Во тек е оглас за ангажирање на 400 нови пожарникари во рамки на големата државна мерка за јакнење на Противпожарните единици. Обезбедени се 43 специјални интервентни возила за брза реакција на терен. Но, една од ретките општини што одбила да учествува во оваа мерка е токму Кочани – затоа што Венко Крстевски не се ни пријавил на повикот на Владата, соопштија попладнево од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, ова е срамно и неодговорно однесување.
-Наместо да обезбеди повеќе опрема, човечки ресурси и сигурност за граѓаните, в.д. – то Венко свесно работи против сопствената Територијална противпожарна единица. Граѓаните со право прашуваат: кому му служи – на народот на Аки Акиов или на сопствените инаети и интереси?
Да потсетиме: истиот овој в.д. градоначалник беше против и отворањето на државниот Центар за рехабилитација на Пониква, сега повторно кочничар – но овојпат на сметка на јавната безбедност и заштитата од пожари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата се децидни дека ова не е само административен пропуст.
-Ова е чин на директна штета за граѓаните на Кочани. Наместо нови вработувања, нова опрема и модерна служба – поради неспособноста на Венко , Кочани повторно останува со врзани раце пред секоја летна закана од пожари, кажаа од партијата на Христијан Мицкоски, додавајќи дека Кочани заслужува раководство кое ќе се грижи, а не ќе попречува.
Државата се мобилизира во борбата со пожарите. Преку оперативниот план ќе се ангажираат 400 невработени лица во 14 територијални противпожарни единици. Ќе добиваат по 24 илјади денари месечно, со можност за трајно вработување. Единствените општини кои не аплицирале на повикот се Струмица и Кочани.