Градоначалникот на Кочани, кој се онесвести на прес-конференцијата на Мицкоски добил позитивен тест на Ковид-19

од Nikola Popovski
803 прегледи

Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов, кој во неделата се онесвести на прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, е позитивен на коронавирус.

Во кусата телефонска изјава за МИА, Папазов потврди дека се чувстува добро, без видливи симптоми, иако и двата теста го потврдиле присуството на Ковид-19.

Во неделата, објаснувањето беше дека на Папазов му се слошило поради моментална слабост од премореност од кампањата.

-На денешната прес-конференција за миг му се слоши на Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани. Се е во ред. Интензивен период беше, и тоа си го зема данокот… Поминавме многу, ќе поминеме уште повеќе. Сложно и братски. А тој ќе мора да вети покрај другите работи на кои сите се обврзавме денес, дека нема да го прескокнува појадокот. Продолжуваме за новата иднина во која сите веруваме, објави Мицкоски пред два дена.

Папазов вчера ја презеде градоначалничката функција, но од денесека е на боледување и работните обврски ќе ги координира од домашна изолација.

Слични содржини