Градоначалникот на Лос Анџелес одбил понуда на Бајден

од Stefanija Kuzmanovska
312 прегледи

Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети изјави дека ја одбил понудата да работи во администрацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Како причина, Гарсети изјавил дека сака да се фокусира на борбата против пандемијата на коронавирус во тој град.

„Имаше понуда на маса за мене, но јас (на администрацијата на Бајден) кажав многу јасно – сега морам да бидам тука“, рече Гарсети на прес-конференција.

Тој одбил да прецизира дали Бајден му понудил место во кабинетот.

Слични содржини