Градоначалникот на Москва: „Завршена делумната мобилизација“

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, денеска изјави дека целите на делумната мобилизација се целосно исполнети и дека посетите на воените единици на резервистите повеќе не се потребни.

„Според информациите на московскиот воен комесар, целите на делумната мобилизација утврдени врз основа на претседателскиот указ и соопштението на министерството за одбрана се целосно исполнети“, наведе градоначалникот на Москва на својот блог, пренесе ТАСС.

„Поканите што беа испратени во текот на процесот на мобилизација на адреси на лица или фирми веќе не важат“, истакна градоначалникот на руската престолнина.

Слични содржини