Градоначалникот на Прилеп се поднови со ново службено возило од 65.000 евра, велат од СДСМ

од Nikola Popovski
86 прегледи

Скандалите во режија на најслабиот градоначалник во Македонија и најнеспособниот во историјата на општина Прилеп, Борче Јовчески, немаат крај. Откако ги преспа трите години од четиригодишниот мандат, а градот го претвори во закрепостена паланка со раскопани и во мрак потонати улици, без срам и перде прилепскиот градоначалник се поднови со нов службен автомобил од 65.000 евра, обелодени на прес-конференција Бојан Цветаноски, претседател на ЛК на СДММ Прилеп.

Според него, градоначалничкот со својата постапка карактеристична за авторитарните владетели, покажал дека изгубил контакт со реалноста, односно дека проблемите и потребите на граѓаните се неважни наспроти неговата желба за луксузирање со парите на прилепчани.

-Неодговорното и нестручно владеење на ДПМНЕ и Јовчески резултираше со зголемување на животните трошоци на граѓаните на Прилеп: поскапеа водата, комуналните услуги, данокот на имот, градскиот превоз.

Нема пари за нови улици и градинки, катни гаражи, нови противпожарни возила, за бесплатен оброк и униформи за учениците, ефикасни мерки за заштита на животната средина. Ама затоа има 65.000 евра за супер луксузен службен автомобил по мерка и вкус на градоначалникот Јовчески.

Некадарноста на Јовчески и локалната власт на ДПМНЕ, се главната причина поради која Прилеп стана небезбедно и непосакувано место за живеење. Младите заминуваат од градот, а мнозинството од оние кои сеуште се тука живее на работ на егзистенцијата. Ароганцијата и егоизмот со кои прилепскиот градоначалник ја раководи Општината, само ги забрза ретроградните процеси започнати пред три години.

Заклучокот кој произлегува од кажаното е јасен и недвосмислен: освен што со својата неспособност го уназади Прилеп, со неразумно потрошените 65.000 евра Борче Јовчески си резервираше место таму каде вистински припаѓа – на темната страна од долгата и богата историја на Прилеп, кажа Цветаноски од СДСМ Прилеп.

Слични содржини