Градоначалникот на Струга потрошил речиси 28.000 евра за јадења по ресторани

од Nikola Popovski
296 прегледи

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за една година, во време на пандемија, потрошил безмалку 28.000 евра, пари од струшките даночни обврзници, поточно потрошил 27.500 евра во 2020 година за репрезентации, односно за јадење по ресторани, а во изминатите три години, односно за 2018, 2019 и 2020 таа сума изнесува скоро 78 илјади.

Според информациите, сето ова му било овозможено откако мнозинството од советниците во општинскиот Совет гласале ЗА програмата „Градоначалник за расходи и репрезентација“, објави ТВ Алсат.

За овие трошења реагираа од опозицијата.

„Минатата година во услови кога имавме вонредна состојба, кога угостителските објекти работеа со рестрикции, се потрошени 27000 евра. На тој начин се злоупотребени парите на граѓаните… На последната седница градоначалникот не го негираше фактот дека тие пари се потрошени за репрезентација“, рече Ален Деребан, советник од ВМРО ДПМНЕ.

Од Мерко се уште нема одговор ниу пак објаснување за овие обвинувања.

Слични содржини