Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски денеска најостро го осуди чинот на палење на знамето на Бугарија за време на Вевчанскиот карневал.
„Овој чин не соодејствува со ставот на Општината и најголемиот процент на нејзиното население. Напротив, Вевчани е меѓу првите општини во Македонија збратимено со градчето Мелник, општина Сандански, како членови на Асоцијацијата на карневалските градови кои негуваат слични традиции“, соопшти градоначалникот.
Според него, Општина Вевчани и Вевчанци и во минатото веднаш ги осудувало палењата и на знамиња и на други држави и упорно стоиме на ваквиот став и во иднина ѝ сметаме дека ваквиот чин на изразување револт е недопустлив макар и за најирационалниот, најстариот и најавтентично сочуван пагански карневал во светот како што е опишуван Вевчанскиот карневал низ годините од речиси сите светските медиуми.
„Се надеваме дека овој несреќен чин и ирационален чин нема да фрли дамка на меѓусоседските односи“, објави градоначалникот на Фејсбук.
Демаршот до македонското МНР за палењето на знамето е доставен од страна на бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, по што реагираше македонскиот државен врв. Шефот на државата Пендаровски го осуди чинот во Вевчани.
– Палењето на знамето на Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење доверба, разбирање и почитување. – напиша Стево Пендаровски претседатело на РСМ.