Градоначалникот на Виница: Карпите ќе се минираат, патот во прекин најмалку 3-4 денови

од desk4
66 прегледи

Градоначалникот на Општина Виница, Ивица Димитров, на својата Фејсбук страница објави фотографии од неговата посета на местото каде се одронати огромни карпи и сообраќајот е во прекин.

„Бев во посета на патниот правец од село Истибања до Македонска Каменица, поточно на местото каде има големи одрони на карпите со што го попречува овој патен правец.

Се договоривме со фирмата Гранит да се минираат и другите напукнати карпи уште утре што значи дека овој патен правец ќе биде затворен во следниве 3-4 денови“, пишува Димитров.