ГРАДОТ ЈА ОБЈАВИ ЛИСТАТА: „Есма Реџепова“, „Леб и сол“…ќе добијат улици во Скопје

од Берта Китинска
398 прегледи

„Дејви Боуви“ „Квин“„Леб и сол“, „Лева патика“, „Есма Реџепова“ „Медена земја“..се дел од листата на имиња по кои ќе се именуваат дел  од улиците во Скопје.

Град Скопје денеска ја објави листата од 571 име на личности, градови, места и историски личности според кои ќе се именуваат улиците, плоштадите и парковите во градот.

-Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња.Со ова дополнување на листата предвидено е да се зголеми бројот на имиња на женски личности и настани кои оставиле белег во историски и културен контекст, како и на припадниците на немнозинските заедници кои живеат во Скопје, но и на бројот на топоними со регионално и светско значење. Од вкупно 571 име, 479 се имиња на истакнати личности од кои 79 се имиња на жени, додека пак останатите 92 имиња се имиња на поими кои означуваат поважни настани, топоними и други поими.Во дополнувањето на листата вратени се и имињата на улиците од периодот на солидарноста и изградбата на повоено Скопје, а кои беа отстранети со претходни одлуки на Советот на градот, соопштија од Градот.

Целата листа погледнете ја ОВДЕ.

Слични содржини