Портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција информираа подетално за заклучоците и одлуките донесени на 11-та и 12-та седница на Владата на Република Северна Македонија. Тие истакнаа дека се преземени мерки за поддршка на ѓраѓаните и малите потрошувачи со што се оневозможиле високи сметки за електрична енергија. Истите посочија дека во економска криза секоја институција мора да поднесе одговорност, па така и град Скопје и општините мора да ревидираат нивна улога во енергерска криза.
– Преземени се сериозни мерки за поддршка на граѓаните и малите потрошувачи со што беше спречен ценовниот шок и превисоките сметки за електрична енергија. Дополнително Владата со низа мерки обезбеди сигурност и стабилност во снабдувањето со топлинската енергија во главниот град со целосно покривање од државниот буџет. На Град Скопје и на општините им беше понудено разликата од актуелната до реалната цена за парното греење да се покрие од буџетот во висина од 80 проценти, а со 20% да учествуваат самите, што не беше прифатено. Владата ќе ги разгледа барањата, но во економска криза секоја институција мора да понесе дел од одговорноста како сериозен пристап за грижа за граѓаните и дека градот Скопје и општините мораат да ја ревидираат својата улога во енергетска криза, истакнаа портпаролите.