Градот Скопје ќе функционира како и досега, но со личности со повеќе интегритет, вели Арсовска

од Берта Китинска
186 прегледи

Градот Скопје ќе функционира како и досега, меѓутоа јас верувам дека со личности коишто ќе имаат нешто повеќе интегритет од овие кои што видовме дека единственото нешто што ги интересира се политички мотивирани заднини, изјази денеска скопската градоначалничка Арсовска.

-Сметам дека и тие самите доволно кажаа за она што се случувало во изминатиот период. Малку контрадикторни, од една страна имале целосна слобода да реализираат бројни проекти коишто ги набројуваат, а од друга страна укажуваат на некаков недостиг на комуникација, истакна Арсовска одговарајќи на новинарско прашање за оставката на директорот на „Паркови и зеленило”, кој е петти директор на јавно претпријатие на Град Скопје што поднесе оставка по најавеното раскинување на соработката на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со скопската градоначалничка.

На граѓаните им е јасно, додаде таа, дека тие беа таму да си ја работат својата работа одговорно и чесно.

– Но, доколку нивните партиски лидери се тие коишто ќе им диктираат како да постапуваат во животот, јас морам да кажам дека е голема штета за граѓаните коишто очекувале нешто повеќе од нив, рече Арсовска.

Слични содржини