Градот Скопје нема да прави Новогодишна забава, парите ќе одат во детската болница „Козле“

од desk2
178 прегледи

Ниту годинава нема да има новогодишна прослава на плоштадот Македонија во Скопје. Предвидено е градот само да се накити со новогодишни украси и да има предновогодишни забави за деца, но не и главна прослава.

Градоначалникот Петре Шилегов денеска најави дека парите за оваа намена ќе се донираат на Клиниката за детски болести и на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле.

„Сакам јавно да кажам дека нема да има прослава на Нова година. На спонзорот ‘Телеком‘ му рековме парите кои се предвидени за оваа намена да се донираат кај децата односно на Детска клиника и во болницата Козле“, рече Шилегов, пред советниците на денешната седница на Советот на Град Скопје.

За прославата на новогодишната ноќ било предвидено да се потрошат 50.000 евра.

Лани и градоначалникот Коце Трајановски ја откажа новогодишната прослава откако на социјалните мрежи граѓаните побараа парите да се донираат во хуманитарни цели.