Градските автобуси со изменет возен ред за претстојните празници

од Берта Китинска
277 прегледи

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП)  информира  дека утре, петок (31.07.2020 год) поради муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам, линиите 11, 11А, 47А, 55, 55Б, 56, 56А и 160 ќе сообраќаат по неделен воен ред.

Во понеделник (3.08.2020 год), поради државниот празник Илинден (Ден на Републиката), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот.

Слични содржини