Здружението „Во одбрана на Буњаковец“ денес побара од градоначалникот на Општина Центар, Саша, Богдановиќ јавно да ги објави имињата на фирмите и поединци кои во петокот им упатиле заканувачко писмо во врска со можната одлука за урбанистичкиот план на локацијата „Треска“.
Општина Центар вели дека инвеститорите и сопствениците на земјиштето кај „Треска“, преку адвокат испратиле допис до Општината во кој „на најгруб можен“ начин била упатена директна закана кон Советот и советниците на Општина Центар. Според нив, дописот требало да се сфати како крајна опомена пред поднесување кривична пријава до сите советници и до градоначалникот Саша Богдановиќ. Условот е да се прекине работата на конкурсната Комисија и прекин на постапката за спроведување на конкурсно решение како и да не се посегнува кон суспензија на постојните детални урбанистички планови.
Oва е случај што ќе се изучува во школи како пример за дејство на урбана мафија. Или е правилно „градежна мафија“ или „урбанистичка мафија“, велат од здружението.
Многу граѓани реагираат и бараат советниците да не подлегнат на заканите.