313
Жителите на седум струшки села, кои гравитираат на потегот кон граничниот премин Ќафасан, со 30 минутна блокада на магистралниот пат Струга – Ќафасан искажаа револт за лошата состојба на коловозот и неисполнетите ветувања за негова реконструкција.
Патот до граничниот премин Ќафасан е полн со дупки, небезбеден и претставува „црна точка“ која одзема човечки животи и предизвикува многу сообраќајни незгоди, велат граѓаните.
Мештаните од селата Радолишта, Теферич, Франгово, Фиеришта, Шум, Заграчан и Калишта побараа средба со надлежните и што поскоро надминување на проблемот, односно реконструкција на магистралата Струга – Ќафасан, во спротвино најавија помасовни протести и блокирање на патот.