Граѓаните да ги проверат податоците од трансакциската сметка заради повратот на ДДВ

од Vladimir Zorba
326 прегледи

Управата за јавни приходи денеска ги повика граѓаните кои ја користат апликацијата „МојДДВ“ да извршат проверка на податоците од трансакциската сметка заради враќање на дел од данокот на додадена вредност.

Корисниците на апликацијата треба да внесат лична трансакциска сметка, бидејќи во спротивно не ќе може да им се изврши враќање на данокот.

Од декември, Управата за јавни приходи ќе почне да враќа дел од данокот на додадена вредност на граѓаните кои ја користеле апликацијата МојДДВ.

Слични содржини