Граѓаните да ги следат мерките и препораките за штедење, порача Бектеши

од Берта Китинска
151 прегледи

Граѓаните да ги следат мерките и препораките за штедење на владата бидејќи така ќе заштедат и во домашниот буџет, вели во „Само интервју“, министерот за економија Крешник Бектеши.

За тоа колку компании ќе затворат и колку луѓе ќе останат без работа во претстојната зима поради кризата Бектеши кажа дека може да се повика на барањето од кампаниите односно писмото кое тие му го имаа испратено на министерството за економија.

-Во него се наведени 10 потрошувачи кои имаат околу 3000 вработени. Фени не работи поради тоа што нема субвенционирана струја од страна на државата.Никлот тие го увезуваат и имаат зглемени трошоци во тарспортот и потоа со преработката немаат профит. Дел од вработените им се на принуден одмор, кажа Бектеши.

Слични содржини