Граѓаните да не примаат попишувачи кои немаат специјално овластување, велат од ДЗС

од Nikola Popovski
222 прегледи

Државниот завод за статистика апелираат до граѓаните да не ги примаат во својот дом попишувачите кои немаат специјални овластувања издадени од Државниот завод за статистика и брендирани маици кои го содржат логото на Попис 2021.

– На предната страна од овластувањето се наведени податоци за попишувачот: име и презиме, број на лична карта, пописен реон и седиште на Комисијата на пописниот реон. На задната страна од овластувањето има број под кој истото е заведено во архивата на Државниот завод за статистика, како и потпис од директорот и печат од Државниот завод за статистика, велат од Државниот завод за статистика и додаваат дека попишувачот кога ќе дојде во домаќинството, најпрвин треба да го покаже овластувањето и со својата лична карта да се идентификува.

Од ДЗС информираат дека досега немаат изречено казни за одбивање на попишување, иако санкционирањето е дозволено со закон. Инаку, до 11 часот денеска се попишани 136.773 лица, 41.478 домаќинства и 59.953 станови.

 

Слични содржини