168
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски соопшти дека денеска се испорачани првите количини зејтин од Србија кои утре веќе треба да се најдат во маркетите.
-Имаме зголемено домашно производство и денеска имаме увоз и од Русија, Украина и Бугарија, и на масло за јадење и на нерафинирано масло така што воопшто нема потреба од никаква паника и од зголемување на домашните залихи. Ја сфаќаме загриженоста, но максимално се работи на обезбедување доволно количини, потенцира Николовски.
Тој уште еднаш апелира граѓаните да не се грижат и да не трупаат залихи, зашто масло, како што рече, има. Не се увезува само од Србија, туку и од Русија, Украина и Бугарија.