Граѓаните во населбата Бутел 2 добија ново зеленило. Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, заедно со директорот на Паркови и зеленило, Адриан Муча, денес направија увид во завршените работи поврзани со новиот паркот во овој дел од Општината.
Договорената средба беше од работен карактер, а Смилевски и Муча со четки во рацете се вклучија во бојадисувањето на веќе постоечките лулашки, кои што добија освежување.
“Посветени сме во зазеленувањето на секој можен простор кој што го дозволува тоа, но планираме i нови паркови и детски гралишта таму каде што не било планирано до сега во нашата Општина”, рече градоначалникот Смилевски.
Во меѓувреме, во паркот беа поставени и прскалки за да може тревата редовно се наводнува.
“Со градоначалникот договориме и продлабочување на соработката, тука сме да помогнеме за сите активности што се од наша надлежност”, рече директорот Муча.
Во меѓусебниот разговор, Смилевски и Муча резимираа за она што е направено во изминатиот период, но многу повеќе и за она и што треба да се направи за добробит на граѓаните од овој дел од Општината.