Граѓаните на Карпош преку анкета ќе одлучат дали се за регулација на паркирањето во Општината

од Vladimir Zorba

На денешниот брифинг со новинарите, градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев посочи дека Општината е во финална подготовка на анкета, преку која граѓаните ќе одлучат дали се за регулација на паркирањето. Прво ќе бидат опфатени урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2, а анкетирањето ќе се спроведе теренски (по домаќинства).

До Општината пристигнале поголем број на петиции од граѓани и заедници на сопственици, со цел да се регулира паркирањето.

„Локалната самоуправа соработува со ЈП „Градски паркинг“, со цел да се понуди решение, со кое за резидентите паркирањето би останало бесплатно (за едно, две и три возила). Со регулацијата на паркирањето, ќе се исцртатат дозволените места за паркирање, ќе се ослободат голем дел од тротоарите и зелените површини, и ќе се создадат полесни механизми за санкционирање на непрописно паркираните возила. Доколку постои интерес и од други урбани заедници, Општината ќе продолжи со спроведување на анкетата“, сподели Богоев.

Слични содржини