Граѓаните од први март ќе може да плаќаат во „Пошта“ со ниски провизии

од Берта Китинска
396 прегледи

Граѓаните од 1 март ќе можат своите сметки да ги плаќаат на шалтерите во „Пошта“, а договорот со „Халкбанк“ се очекувам да биде потпишан до крајот на годината, вели новиот директор на Македонска пошта, Јани Макрадули.

„Враќањето на репутацијата која порано ја имаше „Пошта“ е приоритет кој го работиме. Средствата кои ги даде Владата ќе бидат насочени за исплата на платите. Обврска на банката е најдоцна за два месеци да започне, а јас верувам дека на 1 март следната година, граѓаните ќе можат да плаќаат, по најниска провизија, изјави Макрадули.

Слични содржини