Граѓаните се приморани да земаат кредити за да преживеат, додека компаниите се помалку земаат кредити од банките, поради лошата состојба во економијата, односно мислат дека ризикот е преголем за да инвестираат, ова, вели, дополнителен заменик министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, е заклучок по извештајот на ММФ во кој се констатира дека кредитирањето во секторот домаќинства континуирано расте и заклучно со 2018 е на ниво од 25 отсто од БДП.
-Ранливост која е идентификувана во врска со кредитирањето на секторот домаќинства е фактот дека 40 отсто од потрошувачките кредити ги имаат земено домаќинства, кои имаат приходи под просечната плата во Македонија. Ова претставува ризик во однос на можностите за сервисирање на овие долгови во случај на економски шокови и ги изложува овие домаќинства на ризик од сиромаштија и „должничко ропство“, изјави денеска Димитриеска Кочоска.