263
Демонстранти се собраа ширум САД во вторникот под слоганот „Подалеку од нашите тела“, барајќи заштита на правото на абортус откако во јавноста стигна нацрт-одлуката на Врховниот суд која може да го укине правото на абортус врз основа на пресудата Роу против Вејд од 1973 година.
Доколку Врховниот суд ја поништи пресудата од 1973 година, тоа би значело дека абортусот нема да биде дозволен во половина од сојузните држави.
Неколку илјади луѓе се собраа на митингот за правото на абортус во Њујорк, а протести се одржаа и во Вашингтон, Атланта, Чикаго, Денвер, Лос Анџелес и Сиетл.