153
Поглавјето за правда, слобода и безбедност ќе биде едно од првите што земјава ќе ги отвори за пристапување кон ЕУ. Експертите тврдат дека со тоа што граѓаните не можат да извадат обичен пасош, се поставува прашањето за институционалните капацитети за исполнување на стандардите во согласност со европското право, пренесува Слободен печат.
Граѓаните што не можат да извадат пасош и кои поради тоа претрпеле некоја штета, може да го тужат Министерството за внатрешни работи, ама во практика тоа ќе оди многу тешко. Професорот на Правниот факултет на УКИМ, Борче Давитковски, објаснува дека процесот за остварување на тоа право во македонските судови би бил долг и макотрпен.