Граѓаните со анонимен повик ќе може да ги разоткриваат забавите за новогодишната ноќ

од Берта Китинска
391 прегледи

МВР започнува со проектот бесплатна телефонска линија на која граѓаните ќе можат да ги пријават недозволените забави и собирања на повеќе од 4 лица.

-Денеска ќе излеземе со еден проект за бесплатен телефонски број, анонимен, и повикувам секој еден граѓанин да помогне и да биде партнер во спречувањето на ширењето на вирусот и таму каде што ќе има организирани настани и прослави да извести на тој телефонски, анонимен број, рече Спасовски во Утрински брифинг.