370
Вечерва од 20 часот на платотот пред Универзална сала ќе се одржи граѓански протест за спас на овој објект на солидарноста откако во јавноста излезе информацијата дека истата ќе биде срушена на ова место ќе биде изграден парк.
Повикот за протест е креиран на фејсбук во кој се повикува на масовност „Да бидеме солидарни за срцето на Скопје“.
– Придружете се на собирот за Универзална сала, да не дозволиме да исчезне овој белег на Скопје – стои во повикот.