Со кратење на буџетот за превенција од ХИВ за 40 %, Министерство за здравство го става на коцка здравјето на најмалку 10.000 засегнати граѓани, рагираат од ХОПС – Опции за здрав живот
-По оваа скандалозна одлука, која е донесена паушално и без каква било стручна дискусија ниту, пак, во консултација со Националната комисија за ХИВ, на денешната конференција за печат Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ побара:
-Итно да се коригира објавениот јавен повик за здруженија што ќе ги спроведуваат активностите за превенција на ХИВ во согласност со износите предвидени во Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција за 2022 година, усвоена од Владата во февруари годинава.
-Владата и Собранието конечно да го гарантираат континуитетот на веќе воспоставениот систем за заштита од ХИВ. Тоа значи: Собранието без одложување и во целост да ги усвои измените на Законот за здравствена заштита кои се во собраниска процедура, а се однесуваат на механизмот на вклучување на здруженија во спроведувањето на здравствените програми, а Министерството за здравство да развие подзаконски акти со кои ќе ги исполни обврските од заклучоците усвоени од Владата во септември 2017 година и обврските од претходната и тековната Стратегија на Владата за соработка и развој на граѓанскиот сектор.
-Поради големото доцнење на објавата на јавниот повик, Владата и Министерството за здравство преку интервентна поддршка да ги надоместат трошоците на здруженијата за првото тримесечје од 2022 година настанати поради нивното посветено одржување на националниот одговор кон ХИВ, велат од здружението.