Граѓани на Цетиње со дванаесетминутно молчење им оддадоа почит на жртвите од масакрот

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Група граѓани денеска се собраа пред споменикот на вилата Ловќен во Цетиње за да им оддадат почит на жртвите од неодамнешното злосторство што се случи во тој град со дванаесетминутен молк, пренесе Вијести.

Да потсетиме, во масакрот во Цетиње, кој се случи на 1 јануари, загинаа 12 лица, од кои две деца. Убиецот Аца Мартиновиќ починал при транспорт во Клиничкиот центар на Црна Гора откако си пукал во глава.

Во престрелката четири лица се тешко повредени и се хоспитализирани, а во Црна Гора поради злосторството е прогласена тридневна жалост.

Организаторите ги поканија сите граѓани на дванаесетминутен молк пред споменикот Ловќен на Цетиње денеска во 17 часот и 26 минути, а во 19 часот и 30 минути најавија собир пред зградата на МВР во Подгорица, каде што ќе испратат барања до таа институција.

Слични содржини