170
Со собир пред Собранието на Република Северна Македонија, група на граѓани побараа „слобода“ и „правда“ за обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 година.
Преку транспаренти „Не требаше ни ден да бидат во затвор, а не со години“ тие побараа ослободување на обвинетите.
– Од тој 27 до денес искрвари Македонија, тие се обидоа да го спречат тоа, слобода за нашите браќа, пишуваше на еден од транспарентите.
За „крвавиот четврток“ во 2017 година беа обвинети 33 лица, од кои, во пресрет на потпишувањето на Преспанскиот договор со Закон за амнестија беа помилувани 15 лица меѓу кои и петмина пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. За 16 осудени за „тероризам“ судот донесе пресуда со вкупно 188 години затвор.