Граѓани реагираат: Улица кај Буњаковец стана еднонасочна, општина Центар и Град Скопје не објавиле за промената

од Nikola Popovski
131 прегледи

Сообраќајниот режим на улицата „Владимир Полежиновски“ на потегот од Универзална сала кон улица „Рузвелтова“ во Скопје е сменет и на тој дел во тој правец таа е сега еднонасочна. За оваа информираа од групата „Во одбрана на Буњаковец“.

Се наведува дека поставени се соодветни знаци за обврзно движење, како и забрана за движење од правец на „Рузвелтова“.

-Сограѓани, внимавајте и споделете ја информацијава по комшии низ Буњаковец, оти многу луѓе со возила деновиве си се движат во забранетиот правец, можеби затоа што ни Општина Центар ниту Град Скопје немаат објавено за оваа промена, иако знаците стојат веќе неколку дена. Со споделување на информаицијава, се надеваме ќе се спасите и вие и вашите соседи од „масакр“ со казни, стои во апелот на групата на социјалните мрежи.

За да влезете во овој дел од Буњаковец најблиски влезови се оние на улица „29 ноември“/„Костурски херои“ или кај Католичка црква од кружниот тек од бул. „Теодосиј Гологанов“ / „Иво Лола Рибар“ или кај Универзална сала од бул. „Партизански одреди“ / „Партизанска“.

-При тоа, ул. „Владимир Полежиновски“ во правец на т.ц. Буњаковец останува двонасочна, стои во објавата.

Слични содржини