746
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски информира дека до 2024 година е крајниот рок за замена на личните документи на граѓаните со новото име Република Северна Македонија.
-Дадовме рок при воведувањето на Уставот и законот за јазиците. Во однос на зголемувањето на цените, објаснивме дека набавните цени се зголемени за 90% на репроматеријалите и затоа направивме зоглемување кое не е големо. Утврдивме два вида на цени – оние кои што ги менуваат пасошите на 5 години имаат иста цена на услуги, додека за остатокот цената е незначително зголемена, кажа денеска Спасовски.
Граѓаните имаат законска обврска да ги сменат сите лични документи со новото и уставно име на државата, кое произлегува од Преспанскиот договор со Грција.