Јавни претпријатија, приватни фирми граѓани, се на новиот список на Управата за јавни приходи на неплаќачи на данок. Бројката на должници достигна 4629 компании и граѓани или помалку за 410 должници- јави ТВ21.
Станува збор за долгови доспеани до 30 ноември 2015 и неплатени до 19 февруари годинава по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120 илјади денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од триста илјади денари за правните лица.
Последната листа на должници што ја објави Управата за јавни приходи покажува дека 3.214 фирми не платиле данок или придонеси остатокот го сочинуваат граѓани кои не платиле данок. Заедно тие должат 228,3 милиони евра или 7 милиони евра помалку од претходната листа.
