3
Раководството на Манчестер Сити ќе му понуди на Родри (28) нов договор според кој тој ќе биде втор најплатен фудбалер на „Етихад“, зад Ерлинг Халанд, објавија британските медиуми.
Родри ја пропушти речиси целата сезона поради повреда на коленото и се врати на теренот на 20 мај во претпоследното коло од Премиер лигата. Иако неговиот договор истекува за само две години, раководството на Сити ќе му понуди нов четиригодишен договор според кој ќе заработува близу 20 милиони евра по сезона.
Шпанскиот интернационалец, кој им се придружи на „граѓаните“ во летото 2019 година, досега заработувал 12,5 милиони евра годишно.
Најплатен фудбалер на Сити е норвешкиот голгетер Халанд, кој заработува околу 32 милиони евра по сезона.