Нови проблеми со градскиот превоз во Скопје. Граѓаните повторно чекаат автобус со часови. Никој не ги известил дека дел од приватните превозници не возат по возниот ред. Еден од нивните претставници денеска соопшти дека нема да сообраќаат се додека ЈСП Скопје не им исплати средства за да може да ги вклучат автобусите.
-Ние имаме информација дека Градот Скопје има уплатено 40 милиони денари токму за нас и ние ги чекаме тие пари. Значи ЈСП Скопје треба да ни ги префрли тие пари и автобусите веднаш ќе се вклучат. Немаме друго што да правиме. Немаме други средства за нафта и тековно одржување на автобусите. Упатуваме молба и апел до ЈСП да ги уплати парите. Им се извинуваме на граѓаните и бараме разбирање од нивна страна, изјави денеска Јовица Зафировски.
Засега нема никакви објаснувања од Градот Скопје за причината за недостигот на автобуси во јавниот превоз.