Град Скопје ги повика граѓаните и компаниите да ги подмират неплатените обврски за данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок, како и комуналната такса-фирмарина, во најкраток рок.
Според евиденцијата на Секторот за даноци на имот и комунални такси, за периодот од 2020 до 2025 година, по основ на даноци и такси, граѓаните и правните лица должат над 36 милиони евра кон Градот Скопје.
„Даноците на имот и комуналните такси се основни извори на приходи на Градот, кои овозможуваат финансирање на основните функции, инфраструктурни проекти, услуги на комуналните претпријатија и јавните установи, како и трошоците на средните училишта“, се наведува во соопштението.
Увид во долгот, преземање на решенија и електронска уплата може да се изврши преку платформата на Град Скопје: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml.