Граѓаните заминуваат на море: На „Богородица“ се чека околу половина час

од Nikola Popovski
323 прегледи

Зголемена фреквенција на возила има на граничниот премин „Богородица“ каде за излез од земјава кон Грција се чека околу половина час, информира АМСМ.

Истото може да се забележи и на камерите во живо на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), на кои на „Богородица” се забележуваат колони возила. Во моментов пуштени се две ленти за патнички возила плус една за товарни.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Кога станува збор за интензитетот на сообраќајот низ патиштата во државата, надвор од градските средини, исто така, се забележува зголемен интензитет.

Слични содржини