Граѓанските организации бараат забрана на увоз на возила постари од 10 години и под „ЕУРО 5“ стандард

од Nikola Popovski
20 прегледи

Здружението „О2 Иницијатива“ денеска поднесе барање до Владата и премиерот за забрана на увозот на користени возила постари од 10 години и под „ЕУРО 5“ стандард во земјава, а увозот на нови возила да е со минимален „ЕУРО 6“ стандард.

Барањето е поддржано од здруженијата, Go Green, Фронт 21/42, Македонско здружение на млади правници, Институт за комуникациски студии, Зелен институт, Национален Ромски Центар Куманово, На Точак, Зелен Хуман Град, Шанса за Центар, Подобро за Тетово.

Возилата испуштаат повеќе од 200 токсични хемиски соедниненија, чија количина е поголема кај постарите возила. Овие возила, особено со помината поголема километража, покрај зголемената емисија на ПМ честички, кои ги активираат проинфламаторните и канцерогени патишта во организмот, и другите штетни емисии на гасови, имаат зголемени емисии на многу токсичните јаглеводороди, меѓу кои бензенот, толуенот, етилбензенот, ксилените, бензо-а-пиренот. Ова се генотоксични, канцерогени и мутагени супстанции, многу опасни по здравјето на луѓето, особено децата, велат од „О2 иницијатива“.

Последното обемно истражување на УНДП за аерозагадувањето покажа дека сообраќајот е една од главните причини за зголемените концентрации на ПМ 10 и ПМ 2,5 честиците.

Според здружението, граѓаните кои пешачат или возат велосипед покрај сообраќајниците, кои чекаат на пешачките премини, се најизложени на овие токсични супстанции. Особено изложени се децата, бидејќи овие емисии се испуштаат во висина на нивните лица и тие најдиректно ги вдишуваат.

Во регионов вакви услови имаат воведено Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора.

Слични содржини