Десет лица се повредени по руски напад на станбен блок во градот Днепропетровск (Днипро) во источна-централна Украина, јавуваат тамошните официјални лица.
Гувернерот на регионот Валентин Резниченко изјави дека меѓу повредените има и две деца.
„Тројца од ранетите се тешко повредени и сите во моментов се во болница“, вели гувернерот.
Од кабинетот на украинскиот претседател соопштија дека од урнатините досега се извлечени 15 лица. Се појавија и снимки од станбениот блок. На снимката се гледаат облаци од густ чад како се издигнуваат од зградата додека жителите гледаат од далечина.
‼️Дніпро!
Геноцид української Нації! pic.twitter.com/3XCQ9sNIjC— Оперативний ЗСУ (@operativno_ZSU) January 14, 2023
Според новинската агенција Ројтерс, загинале пет лица, а ранети се 27, меѓу кои шест деца.