Гранатиран трговски центар во Доњецк, ранети 10 лица

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Украинските сили го гранатираа трговскиот центар во Доњецк, соопшти денеска градоначалникот Алексеј Кулемзин.

Во таа прилика се ранети 10 лица, меѓу кои и едно шестгодишно дете, соопшти претставништвото на самопрогласената Доњецка Народна Република во Заедничкиот центар за контрола и координација.

Кулезмин на мрежата Икс (Твитер) изјави дека е погодена зградата на трговскиот центар „Доњецк сити“ и дека се оштетени помошните простории.

Слични содржини