
Истражувачи од Јапонија успеаја да создадат генетски модифицирани кокошки, чии јајца содржат лек кој помага во борбата против тешки болести како рак.
Според соопштението откритието драстично ќе ја намали цената на третманот, пренесуваат јапонските медиуми. Ако научниците успеат беспрекорно да го произведат „интерферонот бета“-вид протеин кој помага при лекување на болести како мултиплекс склероза и хепатитис, тогаш цената на лекот, направен од него, ќе стане значително достапен и евтин.
Во моментов лекот чини околу 100.000 јени (888 долари). За да се постигне рационално производство на протеинот истражувачите од Националниот институт за напредна индустриски науки и технологии имплантираа гени кои произведуваат „интерферон бета“, во клетките на кокошкината сперма.
Потоа тие го користеа материјалот за да ги оплодат јајцата и да создадат кокошки кои ќе ги наследат „корисните“ гени и можат да несат јајца, кои го содржат овој протеин. Во моментов научниците имаат три кокошки, чии јајца го содржат протеинот кој е лек и несат јајца речиси секојдневно.
Тие планираат да започнат со продажба на јајцата на фармацевтските компании, со што ќе се намали цената на лекот на половина.
Корисниците сепак ќе треба да почекаат додека откритието дојде до нив, бидејќи во Јапонија има строги прописи за нови или странски лекови, како и процесот на мониторинг и одобрување може да потрае со години.
Сепак, тимот научници се надева дека технолошкиот пробив ќе помогне за намалување на цените на лекот дури до 10% од неговата сегашна цена.