Во ексклузивно интервју за „Економски магазин“ на тв Алсат, менаџментот на градежната компанија Гранит, обелоденува дека изминатите години имаат проблем и не можат да си наплатат пари зза сработената работа од општините и јавните претпријатија. Од компанијата бараат итно решавање на проблемот бидејќи тоа е проблем на целата држава.
„Од искуството што го има Гранит, може да кажам дека состојбата е проблематична. Постојат многу проблеми во наплатата на побарувањата што ги имаме од општините, јавните претпријатија и државните органи. Овој долг никогаш нема да се избрише, тој долг постојано ќе се зголемува, затоа што каматите течат и ќе порасне до значителни износи. Кое е размислувањето на овие органи, како ќе го надминат овој свој долг?“, вели Виолета Божиновска, директор на правна служба во Гранит.
Повеќе ТУКА
