Грантови за спроведување на заеднички кампањи на граѓански организации и новинари

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Граѓанската асоцијација МОСТ, во рамките на проектот “Медиа платформа за застапување”, објавува повик за доделување грантови за спроведување на заеднички кампањи на граѓански организации и новинари.

Повикот е отворен за граѓански организации и новинари/медиуми кои работат во Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот плански регион.

Целта на повикот е да ги поттикне граѓанските организации и новинарите да работат заеднички на развој и спроведување на кампањи за застапување кои таргетираат прашања важни за локалните заедници, а се исто така и од важност за пристапувањето кон ЕУ.

Сите информации во врска со повикот се објавени на www.most.org.mk.

Во прилог ви ја испраќаме информацијата за повикот, како и самиот повик.

Проектот „Медиа платформа за застапување“ е финансиран од Европската Унија, преку преку ИПА програмата за граѓанското општество и медиуми 2014.