Режимот беше комплетна негација на сите сфери на македонската посебност. Ние сме проект кој што ги бара своите канали да се реазлизира. Направивме феноменално општество за 40 години и можевме да се мериме со било кое општество од тие што се на врвот. Бевме шампиони, за да во меѓувреме ни се случи тоталната регресија и почнавме да враќаме митологии од пред 2500 години и да се занимаваме со создавање на нов идентитет, вели професорот и архитект Мирослав Грчев во емисијата „Утрински брифинг“.
Според Грчев, ние под државен инженеринг со водство на ВМРО-ДПМНЕ го разнебитивме сопствениот идентитет, а „чудовиштата“ од Скопје 2014 се рани на лицето на терминално болен човек на СИДА.
– Таа заробена политика беше фашистичка диктатура, институциите покажаа дека и после 5 години, општеството не е во состојба да ги исчисти. Тоа не е ништо страшно, не чини нешто пари. Процесот на наше умирање, вмровското владеење на Груевски го извади на плоштадот со овие грозни скулптури. Спомениците зрачат со кич. Срамота е што не само што не ги отстранивме досега, ниту започнавме дебата околу нив, вели Грчев.
-Што ќе помислат нашите деца кога ќе видат споменик на најцентралниот дел, ставаме кич од некадарна димензија со чудовишни димензии, додава Грчев.